ЕвропаЕвропа.Портал

Швајцарија ги зголеми средствата за надомест за невработеност

Швајцарската Влада одлучи да издвои дополнителни 14,2 милијарди франци (14,71 милијарди долари) за финансирање на осигурување во случај на невработеност, односно за исплата на надомест за невработеност или скратено работно време.

Берн, 20 мај 2020 (МИА) – Швајцарската Влада одлучи да издвои дополнителни 14,2 милијарди франци (14,71 милијарди долари) за финансирање на осигурување во случај на невработеност, односно за исплата на надомест за невработеност или скратено работно време.

Одлуката е донесена по најавата на Владата дека ќе почне со олеснување на вонредните мерки воведени поради Ковид-19, а со цел на што поголем број луѓе да им се овозможи користење помош за невработеност и скратено работно време.

Со оглед на тоа што вонредните барања за надомест за скратено работно време на самовработени и луѓе во слична позиција, како и за приправници, истекуваат кон крајот на мај, потребно е таквите барања повторно да бидат регистрирани однапред, се вели во соопштението на Владата. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close