БалканБалкан.Портал

Шуица предлга отворањето на Конференцијата за иднината на Европа да биде во Дубровник

Потпретседателката на Европска Комисија Дубравка Шуица денеска предложи Конференцијата за иднината на Европа да почне во Дубровник на 9 мај

Загреб, 20 јануари 2020 (МИА) – Потпретседателката на Европска Комисија Дубравка Шуица денеска предложи Конференцијата за иднината на Европа да почне во Дубровник на 9 мај.

Шуица, која е потпретседателка на ЕК за демократија и демографија, задолжена е за организирање на Конференцијата за иднината на Европа. Според замислата на ЕК, Конференцијата треба да почне на 9 мај, на Денот на Европа и да трае две години, но темите, рамката и формата треба да ги усогласат ЕК, Советот и Европски парламент.

– Отворањето на Конференцијата би можело да биде во Хрватска, а мој предлог е Дубровник. Ако се прифати, хрватскиот Парламент би требало да има важна улога во тоа, посочи Шуица.

Конференцијата е замислена како форум за поврзување на европските граѓани, цивилното општество и европските институции со цел Европејците да кажат каква ЕУ сакаат и како да се управува со истата. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close