0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштински вести

Штипското осново училиште „Тошо Арсов“ добива нова фасада и покривна конструкција

Во напредна фаза е реконструкцијата на покривот и на фасадата на Општинското основно училиште (ООУ) „Тошо Арсов“ во Штип, каде што денеска увид во градежните работи изврши градоначалникот Благој Бочварски.

Штип, 19 август 2020 (МИА) – Во напредна фаза е реконструкцијата на покривот и на фасадата на Општинското основно училиште (ООУ) „Тошо Арсов“ во Штип, каде што денеска увид во градежните работи изврши градоначалникот Благој Бочварски.

Тој посочи дека во изминатите две и пол години во ова училиште се реконструирани училниците, прозорците, дворот, а во моментот се работи на реконструкција на фасадата и покривната конструкција кои беа во дотраена состојба и непроменети од изградбата на училиштето. Тоа беше рунирано и 14  години немаше никакви инвестиции, но сега станува модерно и енергетски ефикасно.

Во моментот се работи на реконструкција на кровната конструкција од 4.400 метри квадратни и на фасадата од 3.800 метри квадратни, се работи за инвестиција од околу 650.000 евра. Заедно со сите реконструкции во и околу училиштето „Тошо Арсов“, во изминатите две и пол години имаме инвестирано околу 850.000 евра, рече Бочварски.

Директорката на ООУ „Тошо Арасов“, Фросина Маџарова, истакна дека училиштето, во кое учат околу 850 ученици од прво до деветто одделение, добива современи услови за работа и за учење. 

Училиштето е подготвено и ги чекаме укажувањата од Министерството за образование и наука и Комисијата за заразни болести. Подготвени сме и за онлајн-настава со тоа што ги подобруваме сите недостатоци од изминатата училишна година, додаде Маџарова.

Во оваа учебна година имаат запишано 72 првачиња, кои ќе бидат распределени во три паралелки. Раководството ќе има средби и со родителите за да бидат информирани за протоколите за изведување на наставата. вдј/хс/

 

Back to top button
Close
Close