Дописници МКДОпштински вести

Штипските волонтери на Црвен Крст го одбележуваат Денот на прва помош     

Волонтерите од Клубот на млади на Црвен крст Штип денеска беа во централното градско подрачје и им делеа балони со порака на оние граѓани кои прописно преминуваат улица на пешачки премин.

Штип, 12 септември 2020 (МИА) – Волонтерите од Клубот на млади на Црвен крст Штип денеска беа во централното градско подрачје и им делеа балони со порака на оние граѓани кои прописно преминуваат улица на пешачки премин.
Секретарот на ОО на Црвен Крст-Штип, Викторија Милановска вели дека овој симболичен чин е во насока на кревање на свеста на граѓаните, но и за едукација на младите дека секој може да даде свој личен придонес за намалување на бројот на несреќи на патиштата.
-Сите заедно треба да мотивираме позитивно општествено поведение, вели Милановска.
Волонтерите веќе втори ден имаат низа активности на терен одбележувајќи го Денот на Првата помош. Во текот на вчерашниот ден делеа флаширана вода со пораки и ја мереа телесната температура на повозрасните граѓани. Милановска ги повика младите, средношколци, студенти да се вклучат во волонтерските активности на Црвен Крст.
Младите волонтери во услови на пандемија ја покажаа и својата хуманост преку носење на намирници на социјално ранливите категории, изнемоштените и стари, инвалидизираните и слепи лица, како и на оние кои беа во изолација и болните од Ковид 19. вдј/дма/

Back to top button
Close
Close