Дописници МКДОпштински вести

Штипските епидемиолози првпат не го отворија пунктот за брисеви за Ковид-19

Штипскиот Центар за јавно здравје денеска првпат не го отвори пунктот за земање брисеви за тестирање на коронавирус. Директорката на Центарот за јавно здравје - Штип, Марија Димитрова за МИА вели дека за денеска од страна на матичните лекари не добиле ниту еден упат за тестирање на пациенти од општините Штип, Пробиштип, Радовиш, Карбинци и Конче.

Штип, 13 мај 2020 (МИА) – Штипскиот Центар за јавно здравје денеска првпат не го отвори пунктот за земање брисеви за тестирање на коронавирус. Директорката на Центарот за јавно здравје – Штип, Марија Димитрова за МИА вели дека за денеска од страна на матичните лекари не добиле ниту еден упат за тестирање на пациенти од општините Штип, Пробиштип, Радовиш, Карбинци и Конче.

-Денеска првпат возилото не отиде со брисеви за Скопје. Останува уште да ја следиме состојбата на еден пациент, кој е на Инфективното одделение, вели Димитрова.

Посочува дека овој штипјанец  е единствениот активен пациент кој е заразен од коронавирусот. Се следи и здравствената состојба на неговото семејство и на контактите коишто ги имал, а се заразил во Тетово по набавка на материјали за работа за неговиот бизнис.

Димитрова изјави дека од страна на градинките ги добиле списоците од вработените кои ќе се тестираат. Во штипската градинка „Астибо“ ќе се тестираат вкупно 132 вработени, а во „Вера Циривири-Трена“ 91 лице. Во градинките во Радовиш има 78, потоа во Пробиштип 58, во Општина Конче има 10 и во Карбинци деветмина вработени во градинката. Според планот што го добиле, тестирањето ќе почне на 1 јуни, а ќе го завршат во рок од три до четири дена во сите овие градови.

Епидемиолозите брисевите од вработените во градинките ќе ги земаат во просторија на градинките, каде деновиве е почнато чистење и целосна дезинфекција на објектите, пред да влезат децата. вдј/мд/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close