Граѓански секторДописници МКДОпштински вести

Штипските арт-активисти поставија уште две фигури во паркот „Пролет“

Поставени се уште две фигури, на крокодил и фока, во штипскиот парк „Пролет“, информираа денеска од „Штип aрт-aктивизам“. Во писменото соопштение се вели дека во текот на денешниот ден  ја реализирале втората дополнителна акција на темата „Децата заслужуваат повеќе“ на постојната локација во паркот.

Штип, 14 јуни 2021 (МИА) – Поставени се уште две фигури, на крокодил и фока, во штипскиот парк „Пролет“, информираа денеска од „Штип aрт-aктивизам“. Во писменото соопштение се вели дека во текот на денешниот ден  ја реализирале втората дополнителна акција на темата „Децата заслужуваат повеќе“ на постојната локација во паркот.

– Истата акција e наменета за нашите најмали граѓани, децата, а со посебен фокус на децата со пречки во развој. Поради големиот интерес и поддршката  од граѓаните која ја добивме за претходно поставената инсталација „Децата заслужуваат повеќе“ нашата неформална група одлучи да ја дополни инсталацијата и изработени се уште две нови фигури. Во меѓувреме се работи на репарирање на фигурата “жирафа“ која беше уништена и искршена од вандали и наскоро ќе биде поставена, се вели во соопштението од „Штип Арт Активизам“.

Посочуваат дека оваа акција ја дополнува претходната инсталација која  се  состоеше од четири животни изработени по калап од цемент и обоени во оригинални бои.

– На сите поставени фигури (животни) има објаснување со брајова азбука за да можат децата со проблеми со видот да научат нешто повеќе за животните. За спроведувањето на активностите се консултирани стручни лица кои ги познаваат потребите на децата со пречки во развојот, велат од „Штип арт-активизам“.

За спроведувањето на активностите се правени претходни истражувања и се контактирани  дефектолози, уметници, активисти, претставници на здружението “Сплотени срца “ од Штип, здружение на родители на деца кои се соочуваат со потешкотии во развојот. Особен придонес за спроведување и создавање на оваа инсталација има претседателот на здружението „Сплотени срца”, Зоран Мијалков. Тој даде значаен поглед на специфичните потреби на децата и на тоа како може да се задоволат потребите за безбедност, но и за забава. За изработка на животните биле ангажирани професионални академски уметници.

Од здружението апелираат граѓаните да се однесуваат одговорно и да придонесат за поубав Штип. вј/аа/

Таг
Back to top button
Close
Close