0_Македонија.ПорталДописници МКДКултураКултура.ПорталОпштество

Штипските археолози истражуваат на Пилав Тепе

Во полн ек се археолошките истражувања на НУ Завод и Музеј – Штип на локалитетот Пилав Тепе, кај штипското село Шопур, под раководство на археологот Ване П. Секулов, информира за МИА, директорот, Митко Штерјов.

 Штип, 5 август 2020 (МИА) – Во полн ек се археолошките истражувања на НУ Завод и Музеј – Штип на локалитетот Пилав Тепе, кај штипското село Шопур, под раководство на археологот Ване П. Секулов, информира за МИА, директорот, Митко Штерјов.

Истражувањата ги реализираат стручен тим од археолози и архитект и над 10 работници.

-Локалитетот Пилав Тепе, се наоѓа во клисурата на Меденска Река, 20 километри југоисточно од Штип, 12 километри западно од Радовиш. Хронолошки, од истражувањата во 2018 година, пронајдените содржини се датирани од IV – III век пред нашата ера. Во населбата која тука егзистирала, откриена е станбено – економска целина, како и разновиден архелошки движен материјал. Истражувањата продолжуваат на истата локација со цел доистражување на просториите, каде беше откриена керамична тула со натпис, чие писмо датира од IV век п.н.е, вели Штерјов.

Археолошките истражувања на Пилав Тепе се реализираат преку Програмата на Министерството за куктура, новите откријатија ќе бараат да се доистражат и наредната година.

Тимот на штипскиот Музеј по завршување на овој проект се сели во Крупиште, каде ќе се истражува катедралната базилика, кој во шеесетите години на минатиот век е откриена од академик Блага Алексова. вдј/см/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close