Дописници МКДОпштество

Штипскиот затвор се поднови со мебел

Пристигна новиот мебел за полуотвореното одделение во Затвор-Штип, информира директорот на оваа казнено поправна институција, Мики Тодоров. Во кругот на затворот веќе се пристигнати  30 единечни маси со клупи и 30 комоди за телевизори.

Штип, 22 јануари 2020 (МИА) – Пристигна новиот мебел за полуотвореното одделение во Затвор-Штип, информира директорот на оваа казнено поправна институција, Мики Тодоров. Во кругот на затворот веќе се пристигнати  30 единечни маси со клупи и 30 комоди за телевизори.

-Тоа значи дека сите простории во полуотвореното одделение ќе бидат со унифециран мебел. Инвестицијата од  300.000 денари за новиот мебел е од Управата за извршување на санкции вели Тодоров.

Тој истакна дека ова е уште еден позитивен пример за подобрување на условите и стандардите за живот на осудените лица. Штипскиот затвор во текот на годинава очекува да се реши проблемот и со Пречистителната станица за отпадни води, проект кој ќе чини околу 15 милиони денари.вдј/са/

Back to top button
Close
Close