Дописници МКДКултураКултура.ПорталОпштински вести

Штипскиот фестивал за деца и млади „Малиот принц“ со посебни здравствени протоколи

Центарот за култура „Ацо Шопов“ – Штип по осми пат го организира фестивалот „Малиот принц“ за театрски претстави за деца, а реализирани од професионалните театри во земјава. Трајче Кацаров од НУ Центар за култура „Ацо Шопов“-Штип вели дека во услови на пандемија и посебни здравствени протоколи бројот на учесниците на фестивалот е редуциран.

Штип, 21 септември 2020 (МИА) – Центарот за култура „Ацо Шопов“ – Штип по осми пат го организира фестивалот „Малиот принц“ за театрски претстави за деца, а реализирани од професионалните театри во земјава.

Трајче Кацаров од НУ Центар за култура „Ацо Шопов“-Штип вели дека во услови на пандемија и посебни здравствени протоколи бројот на учесниците на фестивалот е редуциран.

-Така да годинава, како учесници и дел од содржината на фестивалот ќе бидат претставите на Театарот за деца и младинци од Скопје, претставата од Народниот театар од Куманово и на Народниот театар „Антон Панов“ од Струмица. Се надевам дека овие три театарски претстави ќе дадат сериозен прилог, кон она што значи статурна определба на фестивалот, вели Кацаров.

Директорката на НУ Центар за култура „Ацо Шопов“-Штип, Ката Мишева од утре вечера во 19 часот на отворено пред зградата на Центарот за култура. Мишева вели дека поради здравствените протоколи претставите ќе можат да ги видат само 50 дечиња, колку што ќе бидат и поставени столчиња. вдј/аа/

Back to top button
Close
Close