Дописници МКДОпштински вести

Штипскиот Црвен крст додели новогодишни пакетчиња и прехранбени пакети

Општинската организација на Црвен крст во Штип заврши со активностите за делење на новогодишни пакетчиња, но и прехрамбени пакети за социјално ранливите категории за време на Новогодишните и Божиќните празници.

Штип, 7 јануари 2020 (МИА) – Општинската организација на Црвен крст во Штип заврши со активностите за делење на новогодишни пакетчиња, но и прехранбени пакети за социјално ранливите категории за време на Новогодишните и Божиќните празници.

Секретарот на ОО Црвен Крст-Штип, Викторија Милановска информира дека досега се доделени околу 120 новогодишни пакетчиња и прехранбени пакети.

– Изминатиот период заедно со ЕВН како општествено-одговорна компанија доделивме 50 новогодишни пакетчиња на децата од социјално ранливите категории, а на тој настан ги повикавме и дечињата од малиот групен дом. Заедно со градоначалникот на Општина Карбинци, Јордан Насев доделивме околу 40 пакетчиња и на децата од селата Калузлија, Радање и Таринци, вели Милановска.

Таа додава дека традиционално веќе 11 година по ред заедно со штипјанецот Александар Трајковски на социјално ранливите категории на граѓани им се доделени прехранбени пакети за божиќните празници.

Милановска истакна дека волонетрите веќе ги имаат и подготвено и пакетите, како и топлата облека за периодот кој претстои. Додаде дека во случај на студен бран се посетуваат жителите на отсечени села, но и оние кои живеат сами и се приматели на социјална парична помош. вдј/фф/

Back to top button
Close
Close