Дописници МКДОпштински вести

Штипски „Стипион“ со три нови возила, едно е за чистење снег

Штипското Јавно претпријатие „Стипион“ се поднови со три возила, од кои едно е за чистење снег. Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски на денешната прес-конференција потенцира дека со овие инвестиции општината  се грижи за потребите на јавните претпријатија за зголемување на капацитетите на возните паркови што ќе бидат во служба на граѓаните.

Штип, 31 јануари 2020 (МИА) – Штипското Јавно претпријатие „Стипион“ се поднови со три возила, од кои едно е за чистење снег. Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски на денешната прес-конференција потенцира дека со овие инвестиции општината  се грижи за потребите на јавните претпријатија за зголемување на капацитетите на возните паркови што ќе бидат во служба на граѓаните.

– Набавивме ново возило за чистење снег кое е погодно за сите делови од градот. Ваков тип на возило се набавува после 30 години и значително се олеснува работата на јавното претпријатие во снежни услови. Вредноста на ова возило е 2,1 милион денари плус ДДВ, рече Бочварски.

ЈП „Стипион“, кое се грижи за одржување на улиците низ градот доби и комбе од Агенцијата за запленета стока, кое веќе е ставено во функција, а како донација од град Скопје доби и пајак возило.

Бочварски истакна дека со користење на пајак возилото веќе се создава ред низ штипските улици во делот на паркирањето. вдј/цр/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close