Дописници МКДОпштествоОпштински вести

Штипската полиција вчера регистрирала и санкционирала 18 прекршоци од мотоциклисти

СВР-Штип вчера во период од 15 до 21 часот спроведе акциска контрола за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли во сообраќајот. Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова во соопштението наведува дека за време на акциската контрола биле констатирани 18 прекршоци и сите биле соодветно санкционирани.

Штип, 1 јуни 2021 (МИА) – СВР-Штип вчера во период од 15 до 21 часот спроведе акциска контрола за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли во сообраќајот. Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова во соопштението наведува дека за време на акциската контрола биле констатирани 18 прекршоци и сите биле соодветно санкционирани.

При контролата биле констатирани и 14 прекршоци за пречекорување на брзината, две  за нерегистрирани возила, 12 за управување возило без возачка дозвола и четири за некористење сигурносен појас. И за овие прекршоци биле поднесени соодветни поднесоци.

Во текот на изминатото деноноќие на подрачјето на Секторот за внатрешни работи-Штип изречени се и мерки за 21 лице за неносење на лична заштита. Од денеска полицијата нема да казнува за неносење на маски на отворено. вдј /цр

Таг
Back to top button
Close
Close