0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштински вести

Штипската градинка „Виножито“ почна со работа

Градинката „Виножито“ во штипската населба Сењак од денеска и официјално почна со згрижување и работа со децата од претшколска возраст. Директорката на детската градинка „Астибо“, Билјана Трајчевска под чија надлежност се вкупно пет вакви градинки, односно клонови, вели дека од денеска вратите се отворени за 60 дечиња, чии родители побарале да бидат згрижени во овој нов објект.

Штип, 3 февруари 2020 (МИА) – Градинката „Виножито“ во штипската населба Сењак од денеска и официјално почна со згрижување и работа со децата од претшколска возраст. Директорката на детската градинка „Астибо“, Билјана Трајчевска под чија надлежност се вкупно пет вакви градинки, односно клонови, вели дека од денеска вратите се отворени за 60 дечиња, чии родители побарале да бидат згрижени во овој нов објект.

-Новата детска градинка е со капацитет за 150 дечиња, отворени сме да примаме уште дечиња. Во неа имаме девет лица, кои се воспитно образовен кадар, двајца вработени во кујна и две лица помошно-технички персонал. Само три лица се новопримен кадар, а останатите доаѓаат од другите клонови, вели Трајчевска.

Таа додава дека условите во новата градинка се беспрекорни имајќи предвид дека е енергетски ефикасен објект и е градена според сите стандарди. Градинката „Виножито“ се изгради во рок од две години,. Чинеше околу еден милион евра, од коишто најголема инвестиција е на Општина Штип, којашто инвестираше околу 38 милиони денари, додека Министерството за локална самоуправа проектот го поддржа со околу 16 милиони денари, а Министерството за труд и социјална политика за целосно опремување на градинката инвестираше околу седум милиони денари. Новата градинка се простира на околу 1.600 метри квадратни. Штип по 38 години доби ваков објект, којшто го реши проблемот со листата за прием на деца во градинките. вдј/вг/

Back to top button
Close
Close