Дописници МКДОпштински вести

Штипската гимназија се поднови со нов котел за греење

По 40 години, штипската гимназија „Славчо Стојменски“ доби нов котел за грееење. Стариот, кој е поставен уште во средината на 70-те години од минатиот век, конечно е заменет со нов. Директорот на СОУ „Славчо Стојменски“, Ристо Петковски вели дека ова е дел од инвестициите кои годинава се направени во училиштето.

Штип, 3 јануари 2020 (МИА) – По 40 години, штипската гимназија „Славчо Стојменски“ доби нов котел за грееење. Стариот, кој е поставен уште во средината на 70-те години од минатиот век, конечно е заменет со нов. Директорот на СОУ „Славчо Стојменски“, Ристо Петковски вели дека ова е дел од инвестициите кои годинава се направени во училиштето.

Освен котелот сменети се врати и прозорци, поставен е нов ламинат во десет кабинети, нови клима уреди, а набавени се и 15 електронски табли и исто толку ЛЦД проектори, за потребите на наставниот процес.

-Јас не би го коментирал техничкиот дел од мојата работа. Тоа се пари на граѓаните. Тоа се пари на обврзниците на Македонија, даночните. Така што, мојата основна работа и главна пред сè е воспитно образовниот процес, ред, хигиена, дисциплина, редовност таму се гледа успехот на еден директор во образованието, вели Петковски.

Штипската гимназија е единствено училиште во регионот и едно од ретките во државата која успеја да обезбеди оценка 4 при интегрираната државна инспекција.Во училиштето учат околу 700 ученици, а годишно матурираат по 160. вдј/ир

Таг
Back to top button
Close
Close