Дописници МКДОпштински вести

Штип, Виница и Пехчево ќе реализираат проекти за рамномерен регионален развој

Три општини од Источно-планскиот регион добија средства преку Бирото за рамномерен регионален развој. Директорката на Центарот за развој на Источно планскиот регион (ИПР), Драгица Здравева вели дека годинава се обезбедени 31 милион денари за проекти кои ќе се реализираат во Виница, Штип и Пехчево.

Штип, 20 февруари 2020 (МИА) – Три општини од Источно-планскиот регион добија средства преку Бирото за рамномерен регионален развој. Директорката на Центарот за развој на Источно планскиот регион (ИПР), Драгица Здравева вели дека годинава се обезбедени 31 милион денари за проекти кои ќе се реализираат во Виница, Штип и Пехчево.

Штип со  парите  ќе  изградба на уште една платформа за паркирање на река Отиња, кај Здравствениот дом. Проектот е со вредност од 18 милиони денари. Од нив, девет милиони се преку Бирото рамномерен развој, а останатите девет се учество на општината.

Виница има инвестиција од  20 милиони денари во реконструкција на кино салата.Од таа сума, учеството на државата е 14,5 а на Општината 5,4 милиони денари.

Последниот проект се однесува на Општина Пехчево и таму ќе се поставува урбана опрема на Црвенодоленските водопади. Овде инвестицијата е 6,5 милиони денари, 6,3 милиони покрива државата, а учеството на општината е само 250.000 денари. Веднаш по потпишување на договорот, ако не до петок, очекувам договорот да биде потпишан со Бирото некаде до понеделник, вторник. Во тој случај треба веднаш да почнеме со изработка на тендерската постапка, јавните набавки , за да можеме да го запазиме крајниот рок-ноември сите проекти треба да бидат имплементирани, вели Здравева.

Таа  апелира до сите градоначалници, при поднесување проекти да го имаат предвид и времето потребно за комплетирање на целосната документација.вдј/лв/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close