Дописници МКДОпштински вести

Штип ќе прави регистер на станбените згради

Општина Штип ќе прави регистер на станбени единици, најави денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски кој потпиша Меморандум за соработка со директорот на Хабитат Македонија, Зоран Костов.

Штип, 2 декември 2019 (МИА) – Општина Штип ќе прави регистер на станбени единици, најави денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски кој потпиша Меморандум за соработка со директорот на Хабитат Македонија, Зоран Костов.

Бочварски вели дека овој регистер ќе утврди колку станови и станбени згради има на територијата на општината. Оваа обрвска Општината требало да ја реализира уште во 2009 година, но таков попис на станбените единици  до ден денес не е направен.

-Ова е првиот чекор наши луѓе, анкетари во наредниот период ќе ги посетат станбените згради, ќе разговараат со претседателите на куќните совети и ќе направат попис не на граѓаните, туку на станбените единици во зградите, квадратурите и во каква состојба се станбените единици. По што ќе имаме регистер и ќе имаме подлога, база на што ќе работиме, вели Бочварски.

Тој најави дека следната фаза заедно со Хабитат Македонија ќе работат на енергетската ефикасност на станбените згради. Проект што, какошто рече, го ветил во својата програма за работа. Постојат неколку модели за инвестирање во енергетски ефикасни фасади за зградите, а еден од нив е субвенционирање или кофинансирање од страна на Општината.

-Еден дел од средствата ќе ги плати Општината, а втори од дел ќе ги плати Хабитат во име на граѓаните, а на одреден подолг временски период станарите ќе ги враќаат на Хабитат. Така што граѓаните со заштедите што ќе ги добијат со енергетските фасади ќе можат да си ги исплаќаат давачките кон Хабитат, со што нема да почуствуваа никаков финансиски издаток, рече Бочварски.

Директорот на Хабитат Македонија, Костов појаснува дека со правењето регистер на станбени единици ќе се направи увид во состојбата на зградите.

-Тој увид во состојбата на станбениот фонд ќе содржи повеќе од 45 различни параметри за секоја станбена зграда, при што ќе се формира  дата база на податоци, а  ќе бидe основа да се пристапи кон наредниот чекор, а тоа е енергетска ефикасност на станбените згради, вели Костов.вдј/скс/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close