0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштински вести

Штипјани сметаат дека корупцијата е најраспространета во инспекциските служби и судството

Граѓаните на Штип, кои беа анкетирани во истражувањето на Асоцијацијата на демократска иницијатива (АДИ)-Гостивар, сметаат дека најкоруптивни сектори се здравството и полицијата.

Штип, 18 февруари 2021 (МИА) – Граѓаните на Штип, кои беа анкетирани во истражувањето на Асоцијацијата на демократска иницијатива (АДИ)-Гостивар, сметаат дека најкоруптивни сектори се здравството и полицијата.

Лулзими Хазири, извршен директор на АДИ-Гостивар, вели дека проектот е поддржан од УСАИД, а во публикацијата „Проценка на области ранливи на корупцијата на локално ниво“ се дадени  податоците од истражувањето. Опфатени се општините Штип, Гостивар, Битола, Куманово и Кавадарци. Анкетирани се 643 граѓани, направени се и интервјуа со локални активни чинители и се истражувала и правната рамка.

-Заклучокот е дека 80,3 отсто од граѓаните ценат дека корупцијата во последните десет години е зголемена. Уште еден важен податок за споделување е дека испитаниците посочиле, а посебно штипјани, дека желбата за брзо богатење на луѓето кои се на власт најмногу придонесува  за корупцијата, рече Хазири.

Според анкетираните штипјани, инспекциските служби се најкорумпирани, па потоа следува судството. Хазири вели дека според граѓаните на Штип,  медимуте, полицијата и Државната комисија за спречување на корупција можат најмногу да помогнат во борбата со корупцијата. Посочува дека целта на проектот е граѓаните да ги насочи да пријават корупција во Антикорупциската комисија.

Во делот на здравство, граѓаните од петте општини посочиле дека им е побарано мито за преглед кај лекар, а кај полицијата тоа е забележано за сообраќајните прекршоци.

Според Хазири, главен заклучок од ова истражување е дека граѓаните не пријавуваат корупција оти немаат доверба во институциите.

-Граѓаните се плашат дека институциите ќе им се одмаздат и оттука треба да се изградат подобри механизми како да ги заштитиме граѓаните при пријавување на корупцијата, смета Хазири.

Истражувањето беше презенторано на онлајн-дебата, на која учествуваа претставници на локалната власт, државни институции, невладини организации и новинари. вдј/хс/

Back to top button
Close
Close