0_МИА Истражува.ПорталKultura.SlajderДописници МКДКултураКултура.ПорталМИА ИстражуваСторија

Штипјанецот, Кирил Панајотов 35 години со Фестивалот за музика „Макфест“

„Макфест“ е  со подеми и падови,  покрај низата на проблеми, критики, пофалби успеа да опстои и за него се и сешто да се зборува,пишува,  но и да се посакува да се биде дел од него, за пејачите, композиторите, текстописците нивните песна на сцена, а оние кои ја милуваат музиката во публика. Секое фестивалско издание се подготвува една година, завршува еден, веднаш почнуваат подготвките за друг.

Штип, 20 септември 2020 (МИА) – „Кога те нема“, „Кој да ти каже Ивана“, „Летај ми, летај гулабе“, „Молчи езерото“, „Шила“, „Сонце за три светови“, „Моја гитара“, „Старо купувам“, „Осамен“, „Свирете ја зајди, зајди“, „Виолина и гитара“, „Тажна љубов, среќна песна“, ова се само мал дел од макфестовски евергрини испеани во изминатите 34 години. Песни и хитови безброј, секој си има своја омилена песна од овој фестивал. Три и пол децении постои фестивалот „Макфест“, годинава за првпат сцената на Центарот за култура „Ацо Шопов“ ќе биде празна, фестивалот поради здравствените протоколи се сели на отворено на Градскиот плоштад „Слобода“.

„Макфест“ е  со подеми и падови,  покрај низата на проблеми, критики, пофалби успеа да опстои и за него се и сешто да се зборува,пишува,  но и да се посакува да се биде дел од него, за пејачите, композиторите, текстописците нивните песна на сцена, а оние кои ја милуваат музиката во публика. Секое фестивалско издание се подготвува една година, завршува еден, веднаш почнуваат подготвките за друг. Тимот кој го организира низ години се менувал, но штипјани добро знаат дека цели 35 години со и за „Макфест“ е Кирил Панајотов, техничкиот директор. Еден и единствен е кој гледал како фестивалот се издигнува  на меѓународно ниво, но и кој во 2009 година лобираше да продолжи, да постои и под своја закрила да го земе општината.

-Во изминатите 35 години многу субјекти дадоа свој придонес во постигањето на реномето на фестивалот или во создавањето на брендот „Макфест“. Раководители, автори, творци, обични луѓе коишто секој на свој начин дал придонес. Фестивалот го менуваше својот концепт зависно од условите во кој егзистираше, зависно од тоа како тренд се наметнуваше на просторите на некогашна Југославија, на Балканот, па и пошироко, со оглед на тоа што фестивалот беше членка на ФИДОВ на Меѓународната организација на фестивали, кога имаше и еден период на интернационален карактер со учество на интернационални автоски тимови, пејачи со интернационална вечер, за потоа да се врати на национален натпревар, па повторно да има интернационална вечер, па со пеење на македонски јазик на пејачи од надвор. Комбинации кои се менуваа и тој си го бараше природно патот, кој често пати знаеме да кажеме дека ние не го раководиме фестивалот, туку фестивалот почна да не раководи нас, бидејќи ја надрасна основната идеја да има фестивал и се почна да се движи во правец во којшто сите го посакувавме, вели Панајотов.

Забележува дека фестивалот поминал низ низа на премрежја, но какошто вели „Макфест“ е еден и единствен и е бренд којшто во необични и здравствени услови се реализира и годинава.

-Има реакции, како еве ќе го одржувате ? Да, ќе го одржиме и решени сме како Општина Штип, како организатор и покровител, кој цврсто стои на определбата да продолжи „Макфест“ и ќе даде се од себе за да имаме успешен фестивал и оваа година, рече Панјотов.

Создавањето на хитови зависи  од творечкиот, но и општествениот амбиент

Разговорот со Панојотов оди секогаш лесно, за падовите и подемите вели дека секоја година не може да е успешна во организацијата, бидејќи се случува да имате проблеми од секаков карактер, но она што останува на крајот е музиката.

-Кога ќе погледнети во 35 години се случува во една година да имате хитови, коишто живеат со децении. Меѓутоа тука станува збор пред се и некој ќе рече од инспирацијата, која постоела, амбиентот во кој се создавани композициите. Вие ако немате конкуренција во творештво, тогаш немате квалитет, но се случуваше на нашата и на балканската музичка сцена да има творечка криза и во еден таков случај, вие не можете да очекувате да имате десет хитови на еден фестивал и тоа не само на „Макфест“, туку и на било кој друг фестивал. Јас велам и друго, често пати полемизираме со луѓе околу фестивалот да кажат „ е некогашните песни беа подобри од сегашните“. Но, јас велам не само творечкиот амбиент, не само продуховеноста на авторите е важна, туку и расположението, во коешто се слушаат тие композиции, односно амбиентот. Ние имавме ситуации во рамките на таа општествена трансформација, која ја имавме и медиумите и оние коишто ги пласираа нашите производи беа во криза или беа во процес на трансформација, па и тие не знаееја каде се, а не да пласираат музика или да се борат за квалитетот, вели Панајотов.

Забележува дека во првите 10 до 15 години  на „Макфест“ учествуваа  музичките тимови од просторот, кој се викаше Југославија, во него учествувале познати тогашни продуцентски, авторски тимови, кои дадоа безброј хитови во поранешна Југославија.

-Сега вие наеднаш се сведувате на авторско творештво на една држава, какошто е нашата со помал број на автори, квалитетот беше во криза. Меѓутоа мислам дека последните години се вративме на патеката и во тој дел „Макфест“ ценам дека помогна многу, затоа што на некој начин ги мотивира, а и една од неговите задачи е да мотивира творештво, бидејќи „Макфест“ е натпревар меѓу тимови, автори. Ние не оценуваме кој како пее. На крајот од секој фестивал велат дека тој и тој победи, минатата година победи еве Мартинијан Кириловски, но всушност победи песната на Ристо Самарџиев во аранжман на Кире Спасев. Нормално Мартинијан ја изнесе песната така какошто се договорили, но станува збор за авторски тум, кој од почетокот на годината, кога ние го распишуваме конкурсот создаваат песна, ја креираат и до моментот на фестивалот, таму во октомври, традиционално, а сега е во септември ќе излезе во јавноста и за првпат ќе се слушне и како ќе си го најде својот пат, е тоа е веќе нејзина работа, вели Панајотов.

Смета дека не е праведно да се посочуваат кои се тимови, познати пејачи учествувале на фестивалот, но какошто вели Панјотов од поранешните Ју простори нема автор, нема продуцентска куќа, нема пејач, освен Оливер Драгоевиќ кој не е настапил на „Макфест“.

-Меѓутоа се друго беше присутно на „Макфест“, некој нема да се сетат, тргнувајќи од еден Бобан Стефановиќ, Кемал Монтено, Хелена Благне тука го проби својот пат во светот на тој ѕвезден музички свет, Ана Сасо, Даниел Поповиќ, Крунислав Слабинац, Вајта, групата Рива, Татјана Матејаш, нема којшто нема настапувано. Станува збор за пејачи и авторски тимови, коишто настапувале на Евровизија, како претставници на поранешната Југославија. Тоа се имиња, коишто одбележаа да не речам една епоха, златно време во музичката историја на тогашна Југославија, но и од авторите и пејачите од Македонија. Некои од нив си го најдоа својот пат, замислете ние за раче ја водевме Каролина Гочева кога дојде да ја пее „Мамо пуштиме“ , беше малечка, навистина не се сеќавам колку години имаше. Знаеме што е сега Каролина Гочева, Тоше Проевски во неколку наврати, спомнувам и е неправедно кон другите, но еве тука пораснаа и една Антонија Гиговска, Мартинијан Кириловски, стигнаа до тие балкански меѓународни натревари, вели Панајотов.

Да се биде дел од „Макфест“ е посебно и убаво доживување, оној којшто ја нема почуствувано атмосферата, магијата  на фестивалот не знае, зошто публиката и штипјани сакаат да се во салата и да уживаат во музиката.

-Некои сметаат дека се мистифицира тој фестивал. Што е тоа во некоја провинциска средина ? Затоа што Штип не е некој центар на државата, иако сме регионален центар и држиме за тоа и ако не е фестивалот во Скопје и ако не е таа манифестација во Скопје го нема тој гламур, но Штип го има другиот гламур има душа, за разлика од другите фестивали кои се одржувале. Подобро е да имате конкуренција, Скопскиот фестивал беше постар на времето и беше репер за фестивал, какошто е „Макфест“, но го надминавме во секој случај. Духот и магијата го создаваше овој простор, веројатно Штип си има своја магија, своја мистичност, којашто ќе ја почуствувате, кога ќе влезете и дојдете тука. Начинот на којшто беше концепиран на стартот да привлече, за да им се одаде чест и почит на сите коишто партиципраа во фестивалот, остава таков впечаток. Вообичаено е на една таква манифестација најголемо внимание да им се посвети на пејачите, тука рамноправен третман имаат сите, затоа што сите имаат своја улога, подвлекува Панајотов.

Овој човек, кој 35 години живее со и за „Макфест“ вели дека на фестивалот се давало и се дава почит и внимание на новинарските екипи, кои го следат уште од самите почетоци.

-Тоа е однос, којшто ние како домаќини сме го имале кон тие новинарски екипи кои давале придонес за афирмацијата на фестивалот, но и обратно и тие создаваа една магија и ја пренесува и тогаш се зборуваше и тие пет дена „Макфест“ беше центар на Балканот. Сите мораме да дадеме свој придонес, а ние треба да бидеме вистински домаќини во правата смисла на зборот, вели Панајотов.

Додека тече разговорот за МИА со Панајотов, шефот на прес-центарот, Драган Ристов ќе рече дека од самите почетоци, па до денес сменети се социјалните услови.

-Како што вели Кире „Макфест“ беше поим во Југославија и знаме дека во Македонија имаше само една продукција, а тоа беше МРТВ и кога ќе излезеше нешто ново секогаш прво доаѓаше на „Макфест“. Јас паметам во една прилика Кире Костов рече, ние како автори сме се тресела да дадеме песна, бидејќи дали ќе ни ја одобрат или не. Затоа што „Макфест“ бил поим, но како што вели Панајотов се зависи од творештвото, „Макфест“ не зависи од нас, ние ќе го организираме, но ако имаше добри песни, добри автори ќе имаш и добар фестивал, вели Ристов.

Панајотов смета дека фестивалот има душа низ годините, затоа што низа на луѓе учествувале во неговата организација и тоа волонтерски, сите заедно тимски  работат, не им е тешко да носат столови, материјали, да разговараат со музичките тимови, новинарите.

Макфестовските евергрини дел од македонска музичка историја

Над 1.000 композиции, еврегрини низ изминатите 35 години. Секој си има своја омилена песна, а Панајотов за себе вели дека и кога му е убаво, но и тешко во животот си ја потпевнува „ Летај ми летај гулабе“ од Крунислав Кичо Слабинац.

-Секогаш си ја пејам, можеби не е најубавата, но не знам зошто. Меѓутоа секогаш со драга воља го слушам фестивалот од почеток до крај. Штипската публика има некое непогрешливо чувство во салата, често пати било од каде па ти знаеш која песна ќе се пее. Многу е едноставно, се гледа. Ние, како организатори ретко го гледаме фестивалот во сала, туку го гледаме на телевизија во помошната просторија, но и слушаме, како реагира публиката во сала и кога ќе слушнете на некоја композиција се крева публиката и влегуваш во сала и велиш, ова отиде ќе земе награда. Ние го правиме фестивалот за публиката, има и стручни награди, кои стручни комптентни луѓе ги оценуваат, но увото е непогрешливо, барометар за тоа што е добро да се слушне. Треба да остави впечаток, можеби музички не е некогаш најиздржано, но ако е певливо и се со два дура останале и се слушаат. Многу, многу хитови има „Макфест“ не можеме да издвоиме посебно, а јас кажав само едно мое мислење, вели Панајотов.

Техничкиот директор смета дека фестивалот е посебен и заради атмосферата, која низ годините ја создавале штипјани, домаќините. Познатите забави по фестивалот, кога на живите свирки во еден глас се пееле познати песни не само од Балканот, туку и од светската музичка сцена. Гостопримпливоста, убавата храна, а на менито задолжително штипска пастрамајлија со убаво црвено вино се дел од амбиентот на фестивалските денови. Најубавиот графит во 90 те години во Скопје беше испишан на ѕидот кај Железничка станица „Штип има „Макфест“, и тоа цели 35 години.

Викторија Димитрова-Јованова

Back to top button
Close
Close