Дописници МКДОпштински вести

Штип ја чека градежната дозвола за изградба на брана на Отиња

Владата донесе одлука Општина Штип да биде инвеститор за изградбата на брана на реката Отиња, а во тек е и добивањето на градежната дозвола.

Штип, 22 јануари 2020 (МИА) – Владата донесе одлука Општина Штип да биде инвеститор за изградбата на брана на реката Отиња, а во тек е и добивањето на градежната дозвола.

По вчерашната седница на Владата, градоначалникот на Штип Благој Бочварски денеска ја појасни одлуката дека тоа не значи и Општината да обезбеди дополнителни средства.

Општина Штип како инвеститор го привршува проектот и ќе бара од Министерство за транспорт и врски одобрение за изградба на насипна брана на река Отиња,  Парите со коишто ќе се гради оваа брана веќе се на сметката на Министерството за транспорт и врски, односно на буџетот на Владата, со што веднаш по распишувањето на тендерските постапки ќе почне изградбата на брана, рече Бочварски.

Општина Штип ја проектираше браната, додаде тој, а  ќе се гради со пари од дражавниот буџет. Веднаш по завршување на изградбата ќе биде предадена и со неа ќе стопансиува  Општина Штип. 

Овој капитален проект ќе чини околу 7,5 милиони евра, а изградбата се очекува да трае од две до две и пол години. вдј/хс/

Back to top button
Close
Close