Дописници МКДОпштински вести

Штети од силното невреме во Пијанечко-малешевскиот регион

Силно невреме денеска предизвика голема штета на повеќе локации во Пијанечко-малешевскиот регион. Во Берово најпогоден, според информации на граѓани, е градскиот пазар кој целосно е под вода, додека во Делчево е опожарен помошен објект од куќа.

Берово, 27 мај 2021 (МИА) – Силно невреме денеска предизвика голема штета на повеќе локации во Пијанечко-малешевскиот регион. Во Берово најпогоден, според информации на граѓани, е градскиот пазар кој целосно е под вода, додека во Делчево е опожарен помошен објект од куќа.

-Дождот целосно го поплави ново изградениот пазар во Берово, а штети имаме сите пазарџии кои денес ја изложивме својата „роба” на продажба, истакнаа тезгачиите на пазарот во Берово и изразија незадоволство поради честата ваква глетка при појава на посилен дожд.

Во Делчево интервенираше Територијалната противпожарна единица откако се запали помошен објект.

-Во пожарот интервениравме со три возила и осум пожарникари. Не дозволивме да ја зафати куќата во близина, ниту останатите околни куќи, информираше Миле Тодоровски од ТППЕ Делчево.

Претходно невремето кое го зафати Малешевскиот регион предизивика штета и на повеќе овоштарници во пехчевско. вс/мч/

Back to top button
Close
Close