Дописници МКДОпштински вести

Штедливи светилки низ улиците на Македонска Каменица

Започна замената на градското осветлување во општина Македонска Каменица со нови штедливи лед "смарт" светилки. Со реализација на проектот како што информираа од општината предвидена е замена на сите постоечки светилки во градот.

Македонска Каменица, 8 јули 2020 (МИА) – Започна замената на градското осветлување во општина Македонска Каменица со нови штедливи лед „смарт” светилки. Со реализација на проектот како што информираа од општината предвидена е замена на сите постоечки светилки во градот.

– Ќе бидат заменети 994 светилки, со што значително ќе се подобри видливоста и безбедноста при движењето во вечерните услови на целата територија на општина Македонска Каменица, информираа од општината.

Замената на светилките според надлежните ќе значи значајна заштета на средства на дневна основа.

– Со реализацијата проектот според ЕСКО модел, во општина Македонска Каменица се намалуваат досегашните трошоци за електрична енергија, односно во иднина ќе се остварува дневна заштеда од 14.873 денари, додадоа надлежните.

Од страна на општина Македонска Каменица паралелно распишана е тендерска постапка за избор за најповолен понудувач кој наскоро ќе започне со целосно осветлување на градскиот кеј од Каменичка Река. вс/оџ/

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close