СветСвет.Портал

Штајнмајер повика на демократски патриотизам

Претседателот на Германија, Франк-Валтер Штајнмајер денеска апелираше до своите сонародници да го прифатат „демократскиот патриотизам“ и да го отфрлат агресивниот национализам, со кој историјата на земјата се претставува како „поубава“ отколку што говорат фактите.

Берлин, 9 ноември 2018 (МИА) – Претседателот на Германија, Франк-Валтер Штајнмајер денеска апелираше до своите сонародници да го прифатат „демократскиот патриотизам“ и да го отфрлат агресивниот национализам, со кој историјата на земјата се претставува како „поубава“ отколку што говорат фактите.

Тој во говорот во Парламентот, каде се одбележува стогодишнината од прогласувањето на Германска Република по Првата светска војна, додаде дека признавањето и сеќавањето на германското мрачно нацистичко минато треба да се смета за сила, а не за слабост.

На 9 ноември 1938 година спроведен е погром против Евреите, настан познат како Кристална ноќ, а во 1989 година на истиот ден падна Берлинскиот ѕид, што се одбележува како ден на завршување на Студената војна. ми/

Back to top button
Close
Close