ЕвропаЕвропа.Портал

Шпанските региони согласни околу затворањето на ноќните клубови

Сите шпански региони се согласија да ги затворат ноќните клубови и да воведеат забрана за пушење на отворени места кога е невозможно да се одржи безбедно растојание. Тоа се дел од мерките што имаат за цел да го спречат зголемувањето на бројот на заразени од новиот коронавирус, изјави денеска министерот за здравство на Шпанија, Салвадор Илја.

Мадрид, 14 август 2020 (МИА) – Сите шпански региони се согласија да ги затворат ноќните клубови и да воведеат забрана за пушење на отворени места кога е невозможно да се одржи безбедно растојание. Тоа се дел од мерките што имаат за цел да го спречат зголемувањето на бројот на заразени од новиот коронавирус, изјави денеска министерот за здравство на Шпанија, Салвадор Илја.

Тој советуваше да не се собираат повеќе од 10 лица и ги предупреди младите, да не се собираат надвор и да пијат алкохол.

Бројот на новозаразени со вирусот во Шпанија се зголеми во изминатите неколку дена, така што вкупниот број случаи од појавата на пандемијата е 337.334. ссм/

Back to top button
Close
Close