Svet.SlajderЕвропаЕвропа.Портал

Шпанскиот Парламент одбива да отвори истрага против поранешниот крал Хуан Карлос

Шпанскиот Парламент, по вторпат во последните две години, го одби барањето на неколку партии да се отвори истрага на деловните активности на поранешниот крал Хуан Карлос.

Мадрид, 10 март 2020 (МИА) – Шпанскиот Парламент, по вторпат во последните две години, го одби барањето на неколку партии да се отвори истрага на деловните активности на поранешниот крал Хуан Карлос.

Партијата Подемос, која е членка на владеачката коалиција, заедно со други помали левичарски партии, побара истрага по повод пишувањето  на швајцарскиот весник „Трибун де Женев“.

Весникот минатата недела соопшти дека Хуан Карлос за 12 години, во времето додека бил крал, од кралот на Саудиска Арабија примил 100 милиони долари, а подоцна 65 милиони долари и дал на Корина Сајн-Вагенштајн, деловна жена чии блиски врски со него доведоа до неговата абдикација во 2014 година.

Весникот, повикувајќи се на неименувани извори, наведе дека канцеларијата на швајцарскиот обвинител го истражува потеклото на банкарскиот трансфер за фирмата „Ку Сајн-Витгенштајн“, за кои вели дека дошол преку фонд од Панама, пренесоа британските медиуми.

Канцеларијата на кралот, обвинителот од Женева и претставници на „Ку Сајн-Витгенштајн“, одбија да дадат коментар. Адвокатот Робин Ратмел соопшти дека примила „непобаран подарок од Хуан Карлос за себе и својот син“.

Владеачките социјалисти на премиерот Педро Санчез се спротивстави на истрагата врз основа на тоа што во шпанскиот Устав на кралот му се дава имунитет, опишувајќи го во правна смисла како „неповредлив“.

Парламентот го отфрли предлогот со гласовите на социјалистите и крајно десничарските партии, Народната партија и Вокс,  откако правниот тим оцени дека не е легитимен. сд/

Back to top button
Close
Close