Svet.SlajderЕвропаЕвропа.Портал

Шпанската крајбрежна стража спаси 49 мигранти во близина на Канарски Острови

Шпанската крајбрежна стража спаси 49 африкански мигранти од чамец, што  пловел во близина на брегот на островот Гран Канарија

Мадрид, 17 мај 2020 (МИА) – Шпанската крајбрежна стража спаси 49 африкански мигранти од чамец, што  пловел во близина на брегот на островот Гран Канарија.

Чамецот бил забележан од рибари, кои ја алармирале крајбрежната стража. Мигрантите се однесени во пристаништето Аргвинегвин.

Спасените мигранти се мажи, од кои 35 се малолетни.

Според податоци на шпанското Министерство за внатрешни работи илегалната миграција на Канарски Острови годинава бележи раст од 700 отсто, а до крајот на април достигна до 1.936 мигранти. Во истиот период намалено е доаѓањето на мигранти во другите делови на Шпанја за 24 проценти. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close