Svet.SlajderЕвропаЕвропа.Портал

Шпанија: Затворени училиштата и универзитетите поради Ковид-19

Училиштата и универзитетите во регионот на Мадрид нема да бидат отворени две недели почнувајќи од среда, што е една од мерките за спречување на ширењето на новиот коронавирус.

Мадрид, 10 март 2020 (МИА) – Училиштата и универзитетите во регионот на Мадрид нема да бидат отворени две недели почнувајќи од среда, што е една од мерките за спречување на ширењето на новиот коронавирус. Тоа го изјави синоќа шпанскиот министер за здравство Салвадор Илја.

Поради тоа во своите домови ќе останат околу 1,2 милиони ученици и студенти.

Истата мерка беше донесена и од властите на баскискиот регион.

Во Шпанија досега, 28 лица починаа од коронавирусот, а 1.204 се инфицирани. зш/

Back to top button
Close
Close