ЕвропаЕвропа.Портал

Шпанија става во карантин 32.000 луѓе

Шпанските власти наредија карантин за 32.000 лица во градот Аранда дел Дуеро во обид да го забават ширењето на коронавирусот.

Мадрид, 7 август 2020 (МИА) – Шпанските власти наредија карантин за 32.000 лица во градот Аранда дел Дуеро во обид да го забават ширењето на коронавирусот.

Според „Гардијан“, на жителите на Аранда дел Дуеро, познати по своите лозја, движењето ќе им биде ограничено на апсолутен минимум и ќе им биде забрането да го напуштат градот кој се наоѓа 150 километри северно од Мадрид.

Овој потег доаѓа шест недели откако ваквите мерки беа олеснети низ целата земја. Други области веќе воведоа слични мерки на локално ниво, вклучително и Баскија, Каталонија и Арагон. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close