Svet.SlajderЕвропаЕвропа.Портал

Шпанија со контрола на копнените граници, во Португалија прв смртен случај од Ковид-19

Шпанија воведува контроли на копнените граници во обид да го забави ширењето на новиот коронавирус, изјави денеска министерот за внатрешни работи Фернандо Гранде-Марласка.

Мадрид, 16 март 2020 (МИА) – Шпанија воведува контроли на копнените граници во обид да го забави ширењето на новиот коронавирус, изјави денеска министерот за внатрешни работи Фернандо Гранде-Марласка.

Тој рече дека властите само ќе дозволат влез на шпански државјани, на работници, дипломатите.

– Одлуката за воведување гранични контроли, што треба да стапи на сила од денеска на полноќ, беше донесена во координација со партнерите на Европската унија, рече Гранде-Марласка во телевизиското обраќање.

Португалскиот министер за внатрешни работи Едуардо Кабри изјави денеска дека целиот железнички и воздушен патнички сообраќај со соседна Шпанија ќе биде стопиран од 23.00 часот по полноќ до 15 април, како резултат на епидемијата. Постигнат е договор меѓу двете страни.

Португалската министерка за здравство Марта Темиду изјави дека 80-годишен маж починал денеска од коронавирусот, што е прва смрт во земјата од почетокот на епидемијата. Португалија досега потврди 331 случаи на заразени од Ковид-19. зш/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close