ЕвропаЕвропа.Портал

Шпанија: Над 2.000 заразени и 100 починати од Ковид-19 за еден ден

Бројот на заразени со новиот коронавирус во Шпанија за еден ден се зголеми за 2.000 лица, а во последните 24 часа починаа околу 100 луѓе, соопшти шпанското Министерство за здравство.

Мадрид, 15 март 2020 (МИА) – Бројот на заразени со новиот коронавирус во Шпанија за еден ден се зголеми за 2.000 лица, а во последните 24 часа починаа околу 100 луѓе, соопшти шпанското Министерство за здравство.

Досега билансот изнесува 7.753 заболени и вкупно 291 смртен случај. Најголем број од заразените се регистрирани во околината на Мадрид.

Шпанската Влада денеска донесе одлука за прогласување вонредна состојба на територијата на цела земја во период од 15 дена, со можност за продолжување.

Воведените мерки ќе гарантираат снабдување со храна и санитарни производи и ќе овозможат индивидуално движење само во неопходни случаи, како на пример набавка на храна или лекови, посета на болница или банкарски институции, помош на лица кои имаат потреба и одење на работа.

Патничкиот превоз (јавен или приватен) ќе се намали за најмалку половина, со исклучок на железничкиот сообраќај, кој ќе продолжи да работи. Спроведувањето на мерките ќе биде загарантирано од државните органи и единиците, како и од локалната полиција и полицијата на автономните региони, кои директно ќе поднесат извештај до Министерството за внатрешни работи. Можно е да биде побарана и поддршка од војската. гт/

Таг
Back to top button
Close
Close