ЕвропаЕвропа.Портал

Шпанија им нуди на туристите да им плати тестирање за коронавирус

Шпанската туристичка асоцијација ЦЕХАТ денеска понуди да им плати на странските туристи тестови за коронавирусот со цел да ги охрабри посетителите да дојдат во Шпанија.

Мадрид, 27 јули 2020 (МИА) – Шпанската туристичка асоцијација ЦЕХАТ денеска понуди да им плати на странските туристи тестови за коронавирусот со цел да ги охрабри посетителите да дојдат во Шпанија.

Понудата доаѓа откако Велика Британија воведе 14-дневен карантин за туристите кои се враќаат од таа земја.

Опишувајќи го карантинот како нелогичен и неправеден, ЦЕХАТ соопшти дека помасовно тестирање на патниците е подобра гаранција за безбедност на туристите, работниците и жителите. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close