Svet.SlajderЕвропаЕвропа.Портал

Шпанија ги отвара границите за туристи на 1 јули

Шпанија ќе почне да ги отвара своите граници за странски туристи од 1 јули, изјави денеска портпаролката на шпанската Влада Марија Хесус Монтеро.

Мадрид, 5 јуни 2020 (МИА) – Шпанија ќе почне да ги отвара своите граници за странски туристи од 1 јули, изјави денеска портпаролката на шпанската Влада Марија Хесус Монтеро.

Шпанската министерка за туризам Рејес Марото вчера изјави во врска со Франција и Португалија, од 22 јуни ќе бидат отстранети ограничувањата поврзани со копнениот превоз.

Сепак, Министерството за туризам подоцна појасни дека граничната контрола може да биде продолжена по 21 јуни и оти меѓународниот туризам ќе биде повторно отворен од 1 јули, без да прецизира што ќе се случи на границата со Франција и Португалија. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close