0_Спорт.ПорталСпортФудбал

Шпанецот од Динамо З. пред трансфер: Олмо се сели во Лајпциг

Талентираниот шпански фудбалер од редовите на Динамо Загреб, Дани Олмо пристигна во Лајпциг каде го делат само лекарски прегледи до трансфер во екипата на Ред Бул.

Загреб, 24 јануари 2020 (МИА) – Талентираниот шпански фудбалер од редовите на Динамо Загреб, Дани Олмо пристигна во Лајпциг каде го делат само лекарски прегледи до трансфер во екипата на Ред Бул.
Според германските медиуми, вредноста на трансфер ќе биде 35 милиони евра со што ќе биде соборен балканскиот рекорд на Лука Модриќ за кого Тотенхем им плати 21 милион евра на раководството на „модрите“.

Олмо во изминатите шест години го носеше дресот на Динамо Загреб на кој се придружи од младинскиот погон на Барселона. Одличните партии за хрватскиот шампион и за младата шпанска репрезентација, но и А тимот на „црвената фурија“ го направија во еден од најбараните играчи на европскиот пазар.

Инерес за неговите услуги имаа гиганти како Манчестер сити, Барселона, Милан, но предност најупорен и најконкретен се покажа Лајпциг. сѓд/

Back to top button
Close
Close