0_Магазин.ПорталСцена

Шон Пен се ожени по третпат

Овојпат, избраничката е неговата 31 година помлада колешка Лејла Џорџ - глумица од Сиднеј, Австралија.

Лос Анџелес, 4 август 2020 (МИА)Американскиот глумец Шон Пен се ожени по третпат. Овојпат, избраничката е неговата 31 година помлада колешка Лејла Џорџ – глумица од Сиднеј, Австралија.

Оскаровецот го потврди тоа во видеоврска во ТВ-емисијата „Доцна навечер со Сет Мајерс“, покажувајќи го и прстенот.

– Да, точно. Имавме „Ковид свадба“. Тоа значи – бевме дома, со моите две деца и брат ѝ. Така го направивме тоа, изјави глумецот.

Пен (59) претходнно беше оженет со пејачката Мадона и со глумицата Робин Рајт, со која има две деца, а конечно се разделија и разведоа во 2010 година. си/гт/

Таг
Back to top button
Close
Close