ЕвропаЕвропа.Портал

Шолц: Велика Британија ќе има дополнителни трошоци по Брегзит

Германскиот министер за финансии Олаф Шолц изјави денеска дека е уверен оти неговата земја нема да страда поради Брегзит, но дека Велика Британија неизбежно ќе има „последици“ по напуштањето на Европската Унија.

Давос, 24 јануари 2020 (МИА) – Германскиот министер за финансии Олаф Шолц изјави денеска дека е уверен оти неговата земја нема да страда поради Брегзит, но дека Велика Британија неизбежно ќе има „последици“ по напуштањето на Европската Унија.

На панел на Светскиот економски форум во Давос, Олаф Шолц рече дека финансискиот сектор на Велика Британија нема да биде толку важен за ЕУ по Брегзит како што е сега.

Велика Британија е подготвена да ја напушти ЕУ за една недела, но останува во рамките на единствениот пазар без царини и даноци во преодниот период до крајот на годината.

Шолц рече дека земја што не е во Унијата не може да ги има истите предности како земја членка и дека тоа ќе биде важен фактор во претстојните трговски разговори меѓу ЕУ и Велика Британија, кога треба да се дефинира идниот однос на двете страни по разделбата.

– Тоа е нешто што ќе мора да биде избалансирано. Мислам дека ќе имаме решенија, но сигурно не може да има специјална конкурентна предност од тоа некој да е надвор (од ЕУ), рече Шолц. ссм/

Таг
Back to top button
Close
Close