0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Шо: Погба има сè за да биде најдобар на светот

Англичанецот додаде дека светскиот шампион со Франција е негов најтежок противник на тренинг теренот затоа што е речиси невозможно да се одземе топката од него.

Манчестер, 14 мај 2020 (МИА) – Пол Погба ги има апсолутно сите квалитети потребни за да се биде најдобар фудбалер на светот, вели неговиот соиграч во Манчестер Јунајтед – Лук Шо.

Тој објасни дека францускиот играч од средниот ред има совршено поседување на топката, а неговите додавања и удари се беспрекорни.

На прашањето во интервју за клупската телевизија од кого најмногу се плаши за време на тренинзите, англискиот репрезентативец рече: „Стравот не е вистинскиот збор затоа што навистина сакам да се соочам со Раши (Маркус Рашфорд) и Марсиал, бидејќи не знам што да очекувам од нив. Тие се играчи од висока класа и нашите индивидуални дуели секогаш се многу забавни, но и поучни. Јас многу сакам да се дружам со Ентони. Но, најтешко е да ја земам топката од Пол. Тој е толку голем, моќен и брз. Да бидам искрен, тој има апсолутно сè што му треба да биде најдобар во светот“.

Англичанецот додаде дека светскиот шампион со Франција е негов најтежок противник на тренинг теренот затоа што е речиси невозможно да се одземе топката од него.

Таг
Back to top button
Close
Close