0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштински вестиПолитика

Шкријељ: Вложување во еднаков почеток и развој на секое дете е врвен приоритет

Дополнителната заменик министерка за труд и социјална политика, Санела Шкријељ денеска при посетата на детската гардинка „Детелинка“ во Крива Паланка, каде ќе се надгради објектот и ќе се зголеми капацитетот за згрижување на околу 100 деца, нагласи дека вложувањето во децата е врвен приоритет на оваа Влада.

Крива Паланка, 22 јуни 2020 (МИА) – Дополнителната заменик министерка за труд и социјална политика, Санела Шкријељ денеска при посетата на детската гардинка „Детелинка“ во Крива Паланка, каде ќе се надгради објектот и ќе се зголеми капацитетот за згрижување на околу 100 деца, нагласи дека вложувањето во децата е врвен приоритет на оваа Влада.

-Ние сме цврсто определени да вложиме во еднаков почеток и развој на секое дете во нашата држава. Поради тоа ја спроведовме реформата благодарение на која сега речиси 39.000 деца го примаат детскиот додаток, а 25.000 деца примаат образовен додаток, рече Шкријељ.

Предучилишното образование, како што додаде, е клучна алка во обезбедување ран детски развој и еднакви можности за секое дете.

-Токму затоа не инвестираме само во капацитети, бидејќи градинките не се само места каде децата се згрижуваат, јадат и спијат, туку се места каде растат, учат, се социјализираат, го соознаваат светот и се подготвуваат да станат активни индивидуи кои ќе придонесат за развој на општеството.

Сето ова, истакна, ќе се постигне со мотивиран и стручен кадар.

-Наш приоритет остануваат дополнителните вработувања и зголемувањето на платите на негователките и воспитувачките во градинките. Со воведената реформа вработените во градинките добија историско покачување во просек од околу 5.800 денари во нето износ по вработен, а сме и една од ретките држави кои го воведоа социо-економскиот развој како нов модул на учење. Во моментот се обучуваат голем број воспитувачи и негователи од целата држава , се со цел да обезбедиме еднаков раст и развој и можности за сеое дете во нашата држава. Стартешка определба на Владата е никој да не биде изоставен, додаде Шкријељ. ид/бт/

Back to top button
Close
Close