ЕвропаЕвропа.Портал

Шкотскиот министер за финансии поднесе оставка

Шкотскиот министер за финансии Дерек Мекеј (42) поднесе оставка откако еден весник објавил дека му испратил непристојни пораки на 16-годишно момче.

Единбург, 6 февруари 2020 (МИА) – Шкотскиот министер за финансии Дерек Мекеј (42) поднесе оставка откако еден весник објавил дека му испратил непристојни пораки на 16-годишно момче.

Мекеј наводно му испратил на момчето над 300 пораки на Инстаграм, велејќи му дека е „слатко“ и го поканил на вечера.

Откако јавно му се извини на момчето и на неговото семејство, Мекеј поднесе оставка на денот кога требаше да го претстави годишниот буџет на шкотската Влада. гт/

Таг
Back to top button
Close
Close