СпортФудбал

Шкендија ги дозна противниците на стартот од Лигата на шампиони

Фудбалерите на македонскиот првак Шкендија ги дознаа вечерва потенцијалните противници за 1. квалификациско коло Лигата на шампиони (ЛШ)

Нион, 14 јуни 2021 (МИА) – Фудбалерите на македонскиот првак Шкендија ги дознаа вечерва потенцијалните противници за 1. квалификациско коло Лигата на шампиони (ЛШ)

Шкендија ја дочекува утрешната жрепка во Нион како носител во групата 2. и на отворањето на новата сезона во ЛШ ќе игра против ХЈК Хелсинки (Финска), Конах’с Квеј Номадс (Велс), Мура (Словенија) или Борац Бања Лука (БиХ).

Првите натпревари се на програмата на 6 и 7, а реваншите на 13 и 14 јули.

Поразените екипи во 1. квалификациско коло во ЛШ го продолжуваат европскиот настап во 2. квалификациско коло во новоформираната Конференциска лига на УЕФА.ег/свс/

Таг
Back to top button
Close
Close