0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Ширер: Мурињо го донесе Тотенхем во финалето на Купот, го смени менталитетот на тимот

Поранешниот англиски репрезентативец, Алан Ширер искажа пофални зборови за настапите на Тотенхем под водство на Жозе Мурињо.

Лондон, 11 јануари 2021 (МИА) – Поранешниот англиски репрезентативец, Алан Ширер искажа пофални зборови за настапите на Тотенхем под водство на Жозе Мурињо.

– Со Мурињо на тренерската позиција Тотенхем веќе се пласира до едно финале (англиски Лига куп), тимот игра добро во Премеир лигата и ќе продолжи да се развива. Има промена во менталитетот на играчите, изјави Ширер.

Жозе Мурињо беше назначен за тренер на Тотенхем во ноември 2019 година.

„Спарс“ по 17 кола во Премиер лигата се на 4. место со 29 бода и натпревар помалку. Пред Тотенхем се Лестер со 32, Манчестер јунајтед со 33 и Ливерпул исто така со 33 бода. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close