Општински вестиСкопје

Шилегов во посета на новиот пункт на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје 

ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје постави осум нови пунктови во четири скопски општини, со што ќе бидат обезбедени соодветни работни услови за работа на вработените кои секојдневно се на терен, изложени на најнеповолните климатски влијанија.

Скопје, 9 јуни 2021 (МИА) – ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје постави осум нови пунктови во четири скопски општини, со што ќе бидат обезбедени соодветни работни услови за работа на вработените кои секојдневно се на терен, изложени на најнеповолните климатски влијанија.

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов заедно со директорот на ЈП Комунална хигиена – Скопје, Абдусамед Шабани, денеска го посетија новиот пункт на јавното претпријатие лоциран во близина на Скопското Кале, информира Град Скопје.

Од Град Скопје соопштија дека новите пунктови се поставени во Аеродром, Центар, Чаир и Шуто Оризари.

Шабани истакна дека една од најголемите заложби на претпријатието е да им се обезбедат подобри услови на вработените коишто го носат главниот товар во извршувањето на дејноста. ки/дма/

Back to top button
Close
Close