0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderПолитикаСкопје

Шилегов: Правото на инспекција да им се одземе на општините и да се додели на Градот Скопје

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов предлага на општините во Град Скопје да им се одземе правото на инспекција и тоа да се додели на Градот. На тој начин, смета Шилегов, ќе се елиминираат, како што вели, субјективните слабости кои можеби постојат кај определени службеници во општините за толерирање на дивоградбите.

Скопје, 3 септември 2020 (МИА) – Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов предлага на општините во Град Скопје да им се одземе правото на инспекција и тоа да се додели на Градот. На тој начин, смета Шилегов, ќе се елиминираат, како што вели, субјективните слабости кои можеби постојат кај определени службеници во општините за толерирање на дивоградбите.

На гостувањето во централниот дневник на ТВ „Сител“, Шилегов рече дека сега има премногу простор за институционален „пинг-понг“.

–  Општините да се занимаваат со урбанизам и со издавање на градежни дозволи, но инспекторирањето и санкционирањето на дивоградби да биде надлежност на Градот.  За жал, ние како Град Скопје немаме градежна инспекција и ниту имаме надлежност да санкционираме дивоградби како што е Матка, Мавровка, објектот спроти Американската амбасада… За жал не постои закон врз основа на кој Градот може да делува, истакна Шилегов. бак/ев/

Back to top button
Close
Close