0_Македонија.ПорталВидео изјаваЕкономија

Шилегов: Остварени 87,2 отсто од планираните вкупни приходи во 2019-та

Во 2019 година во вкупниот буџет на Град Скопје остварени се 87,2 проценти од вкупно планираните приходи и други приливи во износ од 5,7 милијарди денари. Вкупните расходи и другите одливи во буџетот на Град Скопје за 2019 година се извршени 82 проценти од планираното или во вкупен износ од 5,3 милијарди денари. По однос на остварувањето на расходите гледано по категории на расходи – тековно оперативните расходи се остварени со 86,4 проценти, а капиталните расходи со 72 проценти од планираното, соопшти на денешната прес-конференција градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов.

Скопје, 6 февруари 2020 (МИА) – Во 2019 година во вкупниот буџет на Град Скопје остварени се 87,2 проценти од вкупно планираните приходи и други приливи во износ од 5,7 милијарди денари. Вкупните расходи и другите одливи во буџетот на Град Скопје за 2019 година се извршени 82 проценти од планираното или во вкупен износ од 5,3 милијарди денари. По однос на остварувањето на расходите гледано по категории на расходи – тековно оперативните расходи се остварени со 86,4 проценти, а капиталните расходи со 72 проценти од планираното, соопшти на денешната прес-конференција градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов.

Остварувањето на приходите и расходите во 2019 година, како што информира тој, истовремено споредено со последните пет години бележи зголемување од 20 до 40 проценти зависно од тоа со која од последните пет години е споредувано. Изминатата 2019 година, додава Шилегов, се бележат најдобрите резултати од досегашното работење на Градот Скопје откако е воспоставен како ваква единица на локална самоуправа од 2005 година наваму.

– Остварувањето на буџетот во 2019 година е најдобро досега во последните пет години и бележи зголемување за 10 до 20 проценти. Само заради пример во 2014 Градот реализирал 3,99 милијарди денари, во 2015-та – 4,8 милијарди, 2016-та – 4,8 милијарди, 2017-та – 4,6 милијарди, 2018-та – 4,4 милијарди и 2019 година – првата чисто буџетска моја година, имајќи предвид дека 2018 ги враќавме старите долгови – 5,712 милијарди денари, наведе Шилегов.

Со своето домаќинско работење, истакна тој, Град Скопје на 31 декември 2019 година бележи салдо кое што досега, како што вели тој, не се памети во износ од 1.935.935.290 денари.

– Само за пример, преносот на средствата или ликвидноста во 2014 била 775, во 2015 – 1,1, 2016 досега најдобра или пред 2019 – 1,5 милијарди, 2017 – 1,1 милијарда, 2018 – 1,3 и последнава 2019 – 1,935 милијарда денари, посочи градоначалникот.

Тој вели дека и понатаму ќе работат за реализирање на интересите на граѓаните и оти веќе во февруари го започнуваат со градба мостот на „АСНОМ“, а како што соопшти тој, при крај се четирите булевари што во овој момент се одвиваат во градот и очекува во текот на оваа пролет да бидат ставени на располагање. мс/скс/

Прес на Шилегов

Posted by MИА.mk on Четврток, 06 февруари 2020

Back to top button
Close
Close