Општински вестиСкопје

Шилегов: Обновување на возниот парк на Протипожарна Скопје почнува со набавување на новата скала

Со набавување на новата скала за Противпожарната бригаа на Град Скопје, почнува обновување на возниот парк на пожарникарите, изјави денеска градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов.

Скопје, 30 мај 2021 (МИА) – Со набавување на новата скала за Противпожарната бригаа на Град Скопје, почнува обновување на возниот парк на пожарникарите, изјави денеска градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов.

– За неколку дена ќе ја добиеме онаа фамозна скала која што е врвот на технологијата во пожарникарството која што во државата во изминатите 30 години е воопшто донесена. За жал во противпожарната бригада во Скопје, но и во противпожарните бригади на РСМ многу малку е инвестирано. Она што ние го направивме во изминатите години е всушност пред се набавка на опрема за лична безбедност, која што сериозно недостасуваше кај пожарникарите (посебни специјални одела за гасење на шумски пожари, на хемиски пожари, лична целосна заштита), но сега со набавување на скалата влегуваме и во обновување на возниот парк, изјави Шилегов.

Воедно, тој посочи дека начинот на финансирање на Противпожарната бригада е преку блок додаци што Град Скопје и останатите единици од локалната самоуправа ги добиваат од страна на Министерството за одбрана.

– Како го добиваме зголемувањето на блок додациите така го зголемуваме и бројот на пожарникари. Годинава презедовме 15 професионални војници со цел да помогмнеме и во социјална смисла и на таа категорија на луѓе да не им престане работниот век. Очекувам и за околу 15-тина и годинава ќе имам доволно средства обезбедени да се зголеми бројот на противпожарна бригада, истакна Шилегов. оџ/скс/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close