0_Web_Актуелно0_Web_Избор на уредникот0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderОпштествоСкопје

Шилегов објави дека е позитивен на коронавирусот

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов попладнево на својот фејсбук-профил објави дека е позитивен на КОВИД-19, а резултатот е од денешно тестирање. Напиша дека има добра клиничка слика,  благо покачена телесна температура и без потреба од хоспитализорање.

Скопје, 20 јуни 2020 (МИА) – Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов попладнево на својот Фејсбук-профил објави дека е позитивен на КОВИД-19, а резултатот е од денешно тестирање.

Тој напиша дека има добра клиничка слика,  благо покачена телесна температура и без потреба од хоспитализорање.

– Почитувани, би сакал да ве известам дека и покрај сите мерки кои што се преземаа од моја страна за моја лична и заштита на луѓето околу мене, сепак не успеав да се себезаштитам од Ковид-19. Искрено се надевам дека вирусот го немам пренесено никому. Ова е доказ дека вирусот не смее да се потцени и дека мора секој од нас да внимава.Чувајте се и чувајте ги другите околу вас, напиша Шилегов на Фејсбук. хс/сп/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close