Општински вестиСкопје

Шилегов на Економскиот форум во Скопје на сесија „Паметни градови, урбана мобилност и дигитални решенија во Северна Македонија“

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов ја сподели својата визија за иднината на сесијата „Паметни градови, урбана мобилност и дигитални решенија во Северна Македонија“ на „Скопскиот економски форум“.

Скопје, 23 јуни 2021 (МИА) – Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов ја сподели својата визија за иднината на сесијата „Паметни градови, урбана мобилност и дигитални решенија во Северна Македонија“ на „Скопскиот економски форум“.

Како што соопшти Град Скопје, на форумот Шилегов одговори и на конкретно прашање колку ветото на Бугарија ќе се одрази и на Македонија и на Албанија, односно, на понатамошниот развој на градовите во овие земји:

-За жал, сме како градоначалници заложници на политики кои што се креирале или кои што се креирани во 19-от век, а чии што последици ги осеќаме сега, во 21-от век. И мислам дека недозволиво е целиот регион на Западен Балкан, пред се Северна Македонија и Албанија, да бидат заложници на примитивизмот во политиката, рече Шилегов.

Тој, како што стои во соопштението,  укажа дека иако Скопје и Тирана сериозно се понапреднати од многу европски центри во имплементација на урбаните политики, сега се „заложници на примитивните политики од 19-от век“.

-Јас ќе бев многу посреќен како градоначалник на градот Скопје, доколку во Софија беше донесена одлука да биде изграден автопат од Софија до Скопје, отколку да биде донесена одлука да и Македонија и Албанија бидат блокирани во процесот на евроинтеграции. Ама ние ќе донесеме одлука да изградиме автопат меѓу Скопје и Тирана, истакна градоначалникот на Скопје Петре Шилегов на „Скопскиот економски форум“.скс/

 

 

Back to top button
Close
Close