0_Web_АктуелноВидео изјаваОпштински вестиСкопје

Шилегов: Има политичка волја да продолжи процесот на децентрализација

Претседателот на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) и градоначалник на Град Скопје Петре Шилегов денеска изјави дека има политичка волја да се продолжи процесот на децентрализација во земјава.

Скопје, 4 септември 2020 (МИА) – Претседателот на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) и градоначалник на Град Скопје Петре Шилегов денеска изјави дека има политичка волја да се продолжи процесот на децентрализација во земјава.

– Процесот на разговори со централната власт и со претседателот Заев веќе беа во тек кога ни се случи да се закажат предвремените парламентарни избори и за жал ни се случи пандемијата со коронавирусот. Ние сме доста поодминаати во тој процес и мислам дека за многу краток период ќе може да се посветиме на носење на законодавство, кое ќе значи влез во втората фаза на децентрализацијата, рече Шилегов, одговарајќи на новинарско прашање за дивоградбите во земјава.

Информира дека со многу од министерствата се усогласиле кои дејности, во колкав обем, со кој квалитет и квантитет ќе бидат препуштени, односно пренесени на единиците на локалната самоуправа.  – Заглавивме околку финансиите, што е многу логично прашање. Не можете само да преземете обврски без да се обезбеди стабилен извор на финасирање, рече Шилегов. Информира дека имале разговори со Министерството за финансии, но тоа било прекинато поради изборите и пандемијата. Очекува дека тој процес ќе продолжи.

– Многу е битно дека континуитетот на владеењето на СДСМ е присутно затоа што СДСМ има формирано политичка волја, и од страна на претседателот Зоран Заев и од страна на министрите во Владата, и општо како политичка одлука да се продолжи процесот на децентрализација. Затоа што власта може да биде добра власт само ако биде блиску до граѓаните, а поблиску до граѓаните од локалната самоуправа едноставно не е возможно, појасни Шилегов.

Информира дека како претседател на ЗЕЛС и градоначалник на Град Скопје имааат забележано како што се аномалии на системот, каде мора да има корекции на законските решенија со цел да се добие една сериозна, функционала можност и потоа одговорна власт од државата. мд/скс/

Изјава на министерката за образование Мила Царовска и градоначалникот Петре Шилегов

Posted by MИА.mk on Петок, 04 септември 2020

Back to top button
Close
Close