0_Македонија.ПорталСкопје

Шилегов: Град Скопје изминатата година бележи најдобри резултати од свое работење

Советот на Град Скопје на денешната седница го усвои Извештајот за извршување на буџетот на Град Скопје за 2019 година. Во минатата година остварени се вкупни приходи и други приливи во износ од 5,7 милијарди денари, што претставува остварување од 87,2 отсто во однос на планот за минатата година.

Скопје, 11 февруари 2020 (МИА) – Советот на Град Скопје на денешната седница го усвои Извештајот за извршување на буџетот на Град Скопје за 2019 година. Во минатата година остварени се вкупни приходи и други приливи во износ од 5,7 милијарди денари, што претставува остварување од 87,2 отсто во однос на планот за минатата година.

Според остварувањето на приходите и другите приливи по поединечните буџети од кои е составен вкупниот буџет на Градот Скопје за 2019 година, основниот буџет изнесува 3,9 милијарди денари, односно 88,5 отсто, буџет на донации е 1,6 милијарди денари или 95,2 отсто, буџетот на самофинансирачки активности е 153 милиони денари или 50 отсто, и буџетот на донации 49 милиони денари или 34 отсто остварување.

Како што соопштува Град Скопје, вкупните расходи и други одливи во буџетот на Град Скопје за минатата година се извршени во вкупен износ од 5,3 милијарди денари, што е процентуално извршување од 82 отсто, во однос на планираните расходи и одливи.

На седницата пред советниците се обратил градоначалникот Шилегов, кој потенцирал дека управувањето со буџетските средства во 2019 година се темелело на принципите на ефикасност, ефективност и транспарентност во работењето што придонело за зголемена буџетска заштеда и оптимално користење на ресурсите.

– Остварувањето на приходите и реализацијата на расходите во 2019 година, споредено со последните пет години бележи зголемување во дијапазон од 20 до 40 отсто, односно Град Скопје изминатата година бележи најдобри резултати од досегашното свое работење како во приходниот, така и во расходниот дел, рече Шилегов.

Други градежни објекти – капитални расходи извршени за изградба и реконструкција на улици и улично осветлување и друга комунална инфраструктура, потоа расходите од ставката 424 – Поправки и тековно одржување, со 14 отсто расходи извршени за летно и зимско одржување на улиците, хоризонталната, вертикалната и светлосна сигнализација на улиците, јавното осветлување, градските гробишта, коритата на реките.

– Според тоа, слободно можеме да кажаме дека Градот Скопје во изминатиот период освен што посветено работеше на подобрување на сервисните услуги, исто така, напорно работевме на капитални проекти и нивна реализација инвестирајќи истовремено во повеќе области кои Град Скопје ги покрива согласно со надлежностите. Иако расходите се реализираа со забрзана динамика, и обврските се подмируваа редовно, ние како Град Скопје успеавме да ја задржиме и ликвидноста на едно завидно ниво, односно Град Скопје со своето домаќинско работење на 31.12.2019 година бележи салдо кое досега не се памети, поточно готовината на сите сметки со кои располага Град Скопје е во вкупен износ од 1.935.935.290 денари, потенцираше Шилегов.бт/дма/

Таг
Back to top button
Close
Close