Svet.SlajderСветСвет.Портал

Шиф: Обвинителот Бар лаже дека Кина е поголема закана од Русија за изборите во ноември

Претседателот на Комитетот за разузнавање на американскиот Претставнички дом, Адам Шиф, денеска го обвини државниот обвинител Вилијам Бар дека лажел кога кажал дека Кина претставува поголема закана од Русија кога станува збор за потенцијалното мешање во одржувањето на ноемвриските претседателски избори во САД.

Вашингтон, 7 септември 2020 (МИА) – Претседателот на Комитетот за разузнавање на американскиот Претставнички дом, Адам Шиф, денеска го обвини државниот обвинител Вилијам Бар дека лажел кога кажал дека Кина претставува поголема закана од Русија кога станува збор за потенцијалното мешање во одржувањето на ноемвриските претседателски избори во САД.

Повикувајќи се на разузнавачки информации, Бар ова тврдење го изнесе во средата, без да даде образложение, а слична изјава, два дена подоцна, исто така, без дополнителни детали, даде и Роберт О’Брајан, советникот за национална безбедност на претседателот Доналд Трамп, потсетуваат британските медиуми.

Шиф, претставник на Демократската партија, кажа дека Бар, назначен од Трамп, го мами американскиот народ и дека е „подготвен да стори или да каже било што“ само да му помогне на сегашниот претседател и кандидат на Републиканската партија на претстојните избори.

Противникот на Трамп на претседателските избори, демократскиот кандидат Џо Бајден, во петокот изјави дека не се согласува со тезата дека Кина е најголемата закана кога станува збор за потенцијално мешање во тамошните избори, бидејќи, како што рече, разузнавачките извештаи што ги добил не укажуваат на тоа. сд/

Back to top button
Close
Close