0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Шевченко: Сакам да бидам тренер на Милан!

Славниот Украинец, кој во моментов е селектор на својата репрезентација, потврди дека би сакал да се врати кај „росонерите“ како тренер.

Милано, 13 мај 2020 (МИА) – За Андреј Шевченко, една од целите во неговата тренерска кариера е да биде тренер на неговиот Милан!

Славниот Украинец, кој во моментов е селектор на својата репрезентација, потврди дека би сакал да се врати кај „росонерите“ како тренер.

Шевченко е најдобриот напаѓач во Милан во последните 25 години, а во текот на осум сезони во клубот, тој беше шампион на Италија и Европа.

Тој во тој период постигна дури 175 голови во славниот дрес на „црвено-црните“, а сега се надева дека еден ден би можел да биде нивни тренер.

– Сега, најважно е да се обидеме да ја завршиме оваа сезона. Секој играч треба да даде се од себе за да ја заврши сезоната. После тоа, ќе видиме што ќе се случи и каква ќе биде иднината на Милан. Сакам да се вратам како нивни тренер еден ден. Милан секогаш ќе биде во моето срце, имам голема љубов кон нивните обожаватели, изјави Шевченко за „Милан Њуз“

Како селектор на репрезентацијата на неговата земја, тој се квалификуваше за Европското првенство, кое ќе се одржи во летото 2021 година, но очигледно размислува и подалеку од тоа во иднина.

– Да видиме кога и дали тоа ќе се случи, но една од моите цели е да се вратам кај „росонерите“ како тренер. Засега размислувам само за Украина и јас сум фокусиран на репрезентацијата, рече популарниот Шева.

Таг
Back to top button
Close
Close