ЕвропаЕвропа.Портал

Шестмина поранешни членови на каталонската влада на сослушување во Парламентот

Шестмина поранешни членови на регионалната влада на Каталонија денеска од затвор пристигнаа на сослушување во регионалниот Парламент во Барселона.

Барселона, 28 јануари 2020 (МИА) – Шестмина поранешни членови на регионалната влада на Каталонија денеска од затвор пристигнаа на сослушување во регионалниот Парламент во Барселона.

Поранешниот каталонски потпретседател Ориол Жункерас и уште петмина поранешни членови на кабинетот, кои издржуваат казна затвор поради обид за одделување од Шпанија, беа пречекани од група поддржувачи, меѓу кои и претседателот на каталонската влада Квим Тора.

Ова е првпат шест поранешни функционери на Каталонија да се вратат во каталонскиот парламент, откако беа уапсени и притворени по неуспешното прогласување независност во октомври 2017 година. Врховниот суд во Шпанија ги прогласи за виновни за бунт и злоупотреба на јавните средства и ги осуди на затворски казни, со уште тројца други колеги, од девет до 13 години.

Тие беа поканети во регионалниот Парламент да присуствуваат на комисиска седница во врска со последиците од привременото преземање на контролата над регионот од страна на централните шпански власти во екот на кризата во 2017 година. паг/

 

Таг
Back to top button
Close
Close